Можно ново зајакување на мерките за превенција од ширење на коронавирусот, најави Филипче
Очигледно е дека влеговме во втората фаза на пандемијата со коронавирусот. Бројот на заболени во деновите пред нас дополнително ќе расте. Се уште остануваат прогнозите пикот на болеста да биде на крајот на месецов и очекуваме 2.000 пациенти, иако многу фактори влијаат на овие предвидувања, истакна на прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче.
Најави дека утре ќе имаат дополнителна дискусија во рамки на Комисијата за заразни болести и можно е до Владата да предложат и зајакнување на мерките за превенција од понатамошно ширење на вирусот.
Тој апелираше граѓаните максимално да ги почитуваат мерките, физичките контакти да ги сведат на минимум и да се штитат од секоја ризична комуникација или движење.
– Еден од главните проблеми е што има асимптоматски носители на вирусот, а ширењето на овој начин од овие носители може да се спречи само со седење дома, односно со изолација, додаде Филипче.
Ново на Сител
-
ОБСЕ/ОДИХР ќе ги соопшти првичните оценки за изборите
-
30 години Тинекс
-
Силјановска Давкова победи во 60 општини, Пендаровски во 3, Османи во 15, Таравари и Димитриевски во по една
-
Силјановска Давкова и Пендаровски во вториот круг претседателски избори
-
Првични резултати на ДИК
-
Норвешка донира 76 возила на македонската Армијата
-
Димитриевски победи во Куманово, Таравари во Гостивар, а Јакимовски загуби во Карпош
-
Пасоши на воено способните Украинци ќе се издаваат само во земјата