Можеме да го победиме Израел!
Македонската фудбалска репрезентација, вечерва од 20.45 часот, во Бер Шива против Израел ќе го одигра дуелот од петтото коло во Г-групата од квалификациите за пласман на ЕУРО 2020.
Натпреварот во Бер Шива е последната шанса македонските фудбалери да се вратат во трката за втората позиција на табелата, откако Полска со максимални четири победи се одвои од конкурентите на првото место.
Македонските фудбалери добро ги започнаа квалификациите со победа над Латвија и реми во Словенија, но двата порази во јуни во Скопје, од Полска и Австрија, ја сместија селекцијата која ја предводи Игор Ангеловски на претпоследното место во групата.
Сите во нашиот табор посакуваат да се повторат минатите квалификации кога Македонија успеа да слави во Израел со голот на Горан Пандев.
Токму најискусниот фудбалер му задава главоболки на селекторот. Пандев е повреден, но како стојат работите тој ќе го започне натпреварот. Проблем со повредата има и Аријан Адеми но и тој треба да биде подготвен за настап.
Покрај дуелот Израел-Македонија, во групата ќе се одиграаи натпреварите Австрија-Латвија и Словенија-Полска.
По четири кола Полјаците имаат 12 бода, следуваат Израел (7), Австрија (6), Словенија (5), Македонија (4) и Латвија која е без бодови.
Ново на Сител
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари
-
ДИК: Гласањето во затворите тече без проблеми
-
Водителот Марко Новески стана татко на близначиња
-
УЈП: Се продолжува рокот за поднесување на ДДВ-04 пријавите до 26 април 2024 година
-
Инспекторатот ќе контролира дали рабодавачите ја почитуваат владината одлука за неработен ден