Македонија
16. August 2018 - 11:08

Моторџија од Битола тешко повреден откако удрил во куче скитник

Вчера во 17.10 часот на бул. „1 Мај“ во Битола, К.Р. (35) од Битола, управувајќи мопед „Априлиа“ со битолски регистарски ознаки, удрил во куче скитник и паднал на коловозот.

Во незгодата К.Р. се здобил со тешки телесни повреди, по што бил пренесен во Клиничката болница Битола каде му била укажана лекарска помош. 

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Битола.