Македонија
4. March 2021 - 12:15

Мотоциклист тешко повреден откако удрил во продавница во неготинско Долни Дисан

Вчера во 21.15 часот на патот во село Долни Дисан, неготинско, Д.Р.(33) од село Долни Дисан, управувајќи мотоцикл „Хамачи“ без регистарски ознаки, удрил во објект - колонијална продавница, информираат од МВР.

Во незгодата, мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди,  констатирани во Општа болница Кавадарци. Извршен бил увид на местото на настанот.