Loading Video...
Спорт плус
6. July 2019 - 19:45

Мото ГП: Маркез стартува прв на ГН на Германија

Продолжува доминацијата на шпанецот Марк Маркез во шампионатот во мотоциклизам откако ја освои 11-тата пол позиција и ќе стартува прв на ГН на Германија на Заксенринг.

            Светскиот првак потврди дека е неприкосновен на квалификациите поставувајќи нов рекорд на патеката со што  стигна до 57-та пол позиција во кариерата  со време од 1 минута 20 секунди и 195 илјадинки. Маркез победи во Германија претходните 6 сезони.

            Свој ден немаше второпласираниот во генералниот пласман Андреа Довициозо  кој утре ќе стартува дури од 13-тото место што им дава шанса на возачите на Јамаха , Фабио Квартараро и Маверик Вињалес да стартуваат од првиот грид и да се впуштат во битката за искачување на пиедесталот.  Очигледно ќе имаат голема конкуренција од Алекс Ринс, Џек Милер, Морбидели  и Валентино Роси кои се на втората и третата стартна линија.

            Квалификациите делумно минаа во сенка на тешкиот инцидент што му се случи на возачот на Дукати  , Данило Петручи кој излета во 9. Свиок со брзина поголема од 163 сантиметри и малку недостасуваше да заврши во заштитната ограда.

            Трката на Заксенринг се вози утре во 14ч.