Балкан
20. November 2015 - 10:00

Москва: Зачленувањето на Црна Гора во НАТО би било избрзано

Русија смета дека евентуалното зачленување на Црна Гора во НАТО во сегашните услови би претставувало избрзана одлука, изјави рускиот заменик-амбасадор во Подгорица, Владимир Гурко.

- Подгорица треба уште еднаш да ги пресипита предностите и слабостите на зачленувањето (во НАТО), порача Гурко на прес-конференција во Москва.

Тој нагласи дека Москва е „сериозно загрижена“ поради политиката на Црна Гора за „забрзана интеграција“ во НАТО.  

- Руската Федерација смета дека проектот за проширување на НАТО во денешно време е во спротивност со реалните потреби во безбедносната сфера. Механичкото проширување на Алијансата, која не ги зема предвид интересите на сите држави од евроазиската заедница, веќе доведе и продолжува да води кон создавање на нови линии на поделби, оцени Гурко.

Според него, концептот на проширување на НАТО е поврзан со „барањето надворешни непријатели“ и дека е насочен кон „реконструирање на железната завеса“ во Европа.

- Зачленување на Црна Гора во НАТО сериозно би ги нарушило односите меѓу нашите две земји и би ги довело во прашање напорите за формирање општоевропска безбедносна архитектура, порача Гурко.