Москва почна масовна вакцинација со Спутник V
– Москва денеска почна да ја употребува вакцината Спутник V против Ковид-19 во 70 клиники, што е прва масовна вакцинација во Русија против коронавирусот, соопшти градската работна група за Ковид-19.
Соопштено е дека руската вакцина прво ќе биде достапна за докторите и другите медицински работници, наставниците и социјалните работници, бидејќи тие се изложени на најголема опасност од болеста.
Москва, која е жариште на коронавирусот во Русија, во изминатите 24 часа регистрираше 7.993 нови случаи на заразени.
– Во текот на првите пет часа се пријавија 5.000 луѓе за вакцинација – наставници, доктори, социјални работници, оние кои денес најмногу ги ризикуваат своето здравје и животи, истакна вчера градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин.
Возраста на оние кои примаат вакцина е ограничена на 60 години. На луѓето со хронични болести, бремените жени и оние кои имале респираторна инфекција во последните две недели им е забрането вакцинирање.
Вакцината Спутник V се дава двапати, односно втората доза се прима 21 ден по првата.
Русија разви две вакцини против Ковид-19: Спутник V, зад која стои Рускиот фонд за директни вложувања, и втората која е развиена од Институтот Вектор во Сибир.
Ново на Сител
-
Игор Јуриќ: Да бидеме подготвени на најлошото, но да не се предаваме - верувам во чудо
-
Почина уште едно повредено лице во терористички напад во Москва
-
ВМРО-ДПМНЕ ја официјализираше својата коалиција
-
Мицкоски очекува ТВ дуел со Ковачевски
-
МТСП: Понеделник неработен за граѓаните од католичка вероисповед
-
Се уште нема трага од двегодишната Данка, потрагата продолжува
-
Индустриското производство во февруари зголемено за 0,3 отсто
-
ДЗС: Струјата во второто полугодие лани поскапела за 8,2 отсто