Москва: Да се спречи странското мешање во внатрешните работи на Македонија
Членови на раководствата на ЕУ и на НАТО се обидуваат на Македонија да и ја наметнат „албанската платформа“ дефинирана во канцеларијата на премиерот на Албанија во Тирана со која се исцртува картата на таканаречена голема Албанија и се искажуваат територијалните претензии и кон големи области на соседна Црна Гора, Србија, Македонија и на Грција, оценува Министерството за надворешни работи на Руската Федерација.
- Особено вознемирувачки е и тоа што тука е вклучено и еднострано прогласеното независно Косово. Сметаме дека ова е крајно опасно и е насочено кон уништување на македонската државност и дестабилизација на Балканот во целост, се наведува во соопштението објавено на веб страницата на руското МНР.
Воедно потсетуваат дека во Македонија на 11 декември 2016 година беа спроведени предвремени парламентарни избори на инсистирање на ЕУ и на САД на кои победи владејачката партија предводена од Никола Груевски.
- Сега западот со помош на албанското малцинство и нивните ултиматуми се обидува на власт во Скопје да ја доведе поразената опозиција што претставува нарушување на уставните темели на земјата, се вели понатаму во соопштението.
Овие деструктивни обиди спротивни на волјата на македонските гласачи, како што посочуваат од официјална Москва, можат само да ја влошат ситуацијата.
- Неопходно е да се спречи странското мешање во внатрешните работи на Македонија и да се почитува правото на македонските граѓани да одлучуваат за својата судбина во склад со основните демократски принципи, соопшти руското МНР.
Ново на Сител
-
Ковачевски од Демир Капија: СДСМ и Коалицијата се единствена опција за европска иднина на државата
-
Силен земјотрес ја стресе Турција
-
Покрај отстапката на властите сите локални избори да бидат на 2 јуни, опозицијата се уште без став дали ќе излезе на избори
-
Николоски: На овие избори се одлучува дали Али Ахмети ќе продолжи да газдува со Македонија
-
За 3 дена во странствo ќе заработам како за 3 години тука | Ана Марија Јанковиќ | Sitel Podcast 027
-
Дачиќ за Бујар Османи: Интересно е дека Пендаровски не бил информиран за резолуцијата за Сребреница
-
Столтенберг: НАТО работи на испраќање повеќе ПВО системи во Украина
-
Бислими: Српската страна не нуди идеи за решавање на проблемот на употребата на динарот на Косово