Свет
5. August 2018 - 9:57

Моралес ги обвини САД за обидот за атентат врз Мадуро

  Експлозијата во Каракас е обид на САД и нивни сојузници од регионот да го елиминираат претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, изјави денеска претседателот на Боливија, Ево Моралес.

– Одлучно осудуваме уште еден насилен напад и кукавички обид за атентат врз братскиот народ на Боливија и Николас Мадуро. Тие експлозии се злосторство против хуманоста, напиша Моралес на својот Твитер.

Врз Мадуро беше извршен обид за атентат со дронови со експлозив за време на говор во Каракас.