Мондолони: Франција е за старт на преговорите, но откако ќе бидат исполнети условите
Франција не е против започнување преговори за членство во ЕУ со Северна Македонија и Албанија, но потребно е да се исполнат два услови, кои се многу важни прашања – за Северна Македонија тоа е прашањето за Специјалното јавно обвинителство, а за Албанија правосудните реформи, изјави директорот за континентална Европа во француското Министерство за надворешни работи, Фредерик Мондолони за „Еуропеан Вестерн Балкан“.
– Не станува збор само за француската позиција. Европскиот совет е поделен по ова прашање. Некои земји се залагаат за започнување на преговори со двете земји, а други сакаат отворање на преговори само со едната од нив. Некои земји вклучуваат и билатерални прашања во процесот, вели Мондолони одговарајќи на прашањето во врска со француското противење на започнувањето преговори со Северна Македонија и Албанија.
Тој нагласува дека Франција, исто така, бара реформи и на процесот на преговори, особено во делот со владеењето на правото, што, како што вели, е сериозен проблем, не само со кандидатите за членство, туку и со некои земји членки на ЕУ.
– Потребни ни се реформи на таа политика и тоа е амбициозна програма, но исто и определба на францускиот претседател. Актуелниот француски претседател е посветен на европските перспективи, но тој бара тие да бидат кредибилни и сака Западниот Балкан да биде дел од еден функционален клуб, вели Мондолони.
Запрашан каква порака се испраќа до другите балкански земји со тоа што не е донесена одлука за старт на преговорите на Северна Македонија, која направи значителен чекор напред со решавањето на спорот околу името со Грција, Мондолони вели дека земјата „треба да биде сериозна со реформите“.
– Преспанскиот договор е значителен чекор напред. Ние тоа јасно го нагласивме, но тоа не беше единствениот услов што беше поставен во јуни 2018 година за отворање на пристапниот процес. Разговаравме за тоа прашање минатата година и повторно ќе го сториме тоа оваа година, вели Мондолони.
Тој нагласува дека „ова не е крај на приказната и не е крај на процесот“ на проширување.
– Западниот Балкан има европска перспектива и ние работиме во таа насока. Мораме да бидеме кредибилни и одговорни, наведува Мондолони
Ново на Сител
-
Во Крива Паланка излезноста до 13 часот е 42,08 отсто
-
Излезноста до 13:00 часот во Делчево и М.Каменица се движи од 24 до 29 отсто
-
Во Велес и велешко до 13 часот излезноста е 29,56, во Градско 33,51 процент
-
Приведен охриѓанец кој го фотографирал гласачкото ливче
-
До 13 часот во Куманово одѕивот 23 проценти, во Липково 16, во Старо Нагоричане 22
-
Излезноста во Струга до 13 часот 16 отсто, во Вевчани 33 проценти
-
Им ветувале бесплатни водомери за да гласаат во нивно својство, пријавен случај на поткуп
-
До 13 часот во Прилеп гласале 31,41 отсто од граѓаните со право на глас