Македонија
29. October 2016 - 14:18

Mоќна комбинација за мозокот - Супер намирници за концентрација

 
Едно ново истражување покажува дека црната чоколада и зелениот чај се идеалната комбинација за вашата концентрација. Па, наместо да се труете со кафе, за да останете будни и да учите или да ги завршите работните обврски во текот на ноќта, ви требаат само овие две намирници кои заедно прават моќна комбинација за мозокот.Истражувањето направено на Универзитетот на Северна Аризона покажува дека оние кои ги земале двете намирници имаат поголема концентрација и полесно паметат.
 
Професорот од Универзитетот кој го водел ова истражување тврде дека комбинацијата е сјајна и препорачлива и за срцето, крвниот притисок како и функциите на мозокот.