Бизнис
25. July 2019 - 19:52

„Мој ДДВ“ презентиран во Гевгелија

Околу 135 000 граѓани веќе ја користат апликацијата мој ДДВ, а од почетокот на мерката скенирани биле повеќе од 5 милиони фискални сметки. Ова го соопшти директорката на УЈП Сања Лукаревска која заедно со министерот за земјоделие Трајан Димковски денеска беа во Гевгелија како дел од промотивниот караван мој ДДВ.  Лукаревска информираше дека заклучно со вчерашниот ден бил остварен вкупен промет на скенираните сметки  изнесува 2 милијарди и 768 милиони денари , од кои ддв то е 298 милиони денари. Од нив 15% или 44, 8 милиони денари се пари кои ќе одат назад кај граѓаните.