Македонија
9. September 2021 - 10:39

Модуларната болница изгорена целосно, ВИДЕО од местото на трагедијата

За 14 лица досега е потврдено дека ги загубија животите во катастрофалниот пожар кој вчера избувна во модуларната болница во Тетово каде се лекуваа ковид пациенти.

„Тетовасот“ објави видео снимка од тоа како изгледа местото на трагедијата утринава. Од модуларната болница не е останато ништо.

Материјалното ќе се надомести, но загубените човечки животи и болката на нивните најблиски нема.

На терен и денеска ќе се врши, а од Обвинителството информираат дека ќе се проверува и дали има и други починати лица. Во текот на денот се врши и обдукција на починатите, а за некои како што претходно беше објавено, ќе биде потребна ДНК анализа со цел утврдување на идентитетот.

Владата закажа итна седница за денеска о вчерашниот пожар, претседателот Стево Пендаровски ги откажа настаните, а граѓаните преку социјалните мрежи бараат одговорност и оставки.