Мобилниот телефон во чанта – нови правила и казни за учениците во Грција
Во средата започна новата учебна година во училиштата во соседна Грција со низа промени кон кои ќе треба да се прилагодат и учениците и наставниците, со цел поквалитетно да се искористи времето поминато во училишните клупи и вниманието на учениците да биде целосно фокусирано на наставата која се модернизира. Имено во училниците се веќе поставени 28.504 интерактивни табли, до училиштата се доставени 177.112 нови роботски системи (Robotics Kits), а наставниците добиваат нови, интерактивни системи за учење.
Учениците ќе ги прошируваат своите хоризонти преку документарни филмови, видеа и симулации, додека образовната заедница сега ќе има пристап и до архивски материјал од други организации, вклучително и државната телевизија ЕРТ, водечки институции и музеи. Од минатата учебна година Грција воведе Платформата за борба против насилството и малтретирањето во училиштата која се надградува за спречување на врсничкото насилство.
Имено, грчката влада на премиерот Кирјакос Мицотакис вчера и официјално ја објави одлуката со која строго се забранува користењето на мобилните телефони во училниците па учебната година ја стартуваше под мотото „Мобилен во чанта“.
Конкретно, на учениците им е дозволено да поседуваат мобилен телефон, се додека го имаат во чантата и не е на видно место. Доколку се прикаже мобилниот телефон, учениците добиваат еднодневна суспензија. Доколку ученикот ги снима/фотографира/ своите наставници или соученици, казната е тридневна суспензија. Доколку фотографирањето/снимањето се однесува на лични податоци на трети лица, тогаш Наставничкиот совет е должен да ја спроведе педагошката мерка за промена на училишната средина.
Има новини и во однос на изостаноците, иако вкупниот број на изостаноци останува ист, но разликата сега ќе се прави меѓу оправдано и неоправдано отсуство. Присуството ќе се смета за „соодветно“ кога, во текот на целата учебна година, изостаноците не надминуваат 50 или кога не надминуваат вкупно 114, од кои повеќе од 50 се оправдани. Отсуството ќе биде внесено и поради задоцнето пристигнување во училница.
Се воведува нова дигитална алатка за родители и старатели наречена е-Родители преку која се обезбедуваат информации за бодовите на учениците како и за соопштенија и известувања на училишната единица. Се очекува, сепак, во текот на учебната година да се прошират можностите на конкретната апликација со информации за изостаноците на учениците, за напредокот на наставниот материјал и за планирање на средби меѓу родителите и наставниците.
Новиот правилник за работа на училиштата носи построги последици за учениците. Помеѓу другото, директорот на училиштето сега може да одлучи до тридневна суспензија на ученик, а претходно максимално беше еден ден. Дополнително, Наставничкиот совет може да одлучи да изрече суспензија до пет дена наместо досегашните три дена. Наставничкиот совет исто така може да одлучи – доколку смета дека е потребно – за промена на одделението или училишната средина како и исклучување од акции, културни или спортски настани, едукативни патувања и патувања.
Во случај на оштетување/уништување, делумно или целосно, на училишни згради, простории и логистичка инфраструктура што му се припишуваат на одреден ученик, трошоците за реставрација се на товар на ученикот (доколку е полнолетен) или на неговите родители и старатели. Откако ќе се утврди висината на трошоците за рехабилитација, родителите/старателите мора да ги покријат трошоците. Доколку не се согласат, трошокот се потврдува и следи процесот на наплата.
Главната иновација оваа учебна година за грчките ученици е проектот „Дигитална училница“. Пилот проектот ќе започне на 16 септември за 3 Интернати Конкретно, секој апликант за прием во високото образование, преку државните испити, ќе има можност да присуствува на вечерни предавања во живо за целиот материјал од курсевите што се испитуваат, вклучително и специјални курсеви како линеарен и архитектонски дизајн, германски и француски јазик. Во контекст на современото образование, учениците ќе имаат можност за интерактивно учество и персонализирана поддршка од 98-те наставници, кои ја презедоа дополнителната настава по 45-те предмети, кои се испитуваат на национално ниво во јуни во општите и средните стручни училишта. Ќе бидат опфатени уште 10 специјални курсеви за унифицирани специјални средни стручни училишта и гимназии.
Дополнително, во Дигиталната училница сите ученици ќе можат да ја следат целата наставна програма во електронски формат. Материјалот од наставата по грчки јазик и математика е достапен за сите гимназиски паралелки. До крајот на 2025 година ќе бидат објавени 2.500 разбирливи и дигитализирани видеа за вкупно 49 предмети од 5-то одделение основно до 3-та година средно училиште.
Грција е првата земја што ја усогласи својата наставна програма со 17-те цели за одржлив развој на ОН. Целта е студентите да се оспособат за здрав живот, грижа за животната средина, општествена одговорност и креативно размислување. Преку работилниците за вештини, наставните програми се збогатени со акции за справување со врсничкото насилство и малтретирање, заштита на животната средина, општествена одговорност и помагање на сограѓаните, притоа нагласувајќи ги училишните денови посветени на љубовта кон животните, спортот, менталното здравје и друго.
Ново на Сител
-
Бискупот Стојанов му го честита 25 годишниот јубилеј на Неговото блаженство г.г. Стефан
-
Мајка и ќерка пронајдени мртви во нивниот дом во Слатино, таткото и синот пренесени во болница
-
Ужас во Скопје: Роднина соблекувал малолетно девојче, па се самозадоволувал пред неа
-
Домашен миленик настрада од улични кучиња
-
Објавен извештајот за починатото 14-месечно бебе, еве ги деталите
-
Следува продолжен викенд: 11-ти Октомври неработен ден за сите граѓани на Македонија
-
Во изминатите четири дена во Грција биле откриени и спасени над 580 бегалци и мигранти
-
Доброволното противпожарно друштво – Кочани доби опрема како донација од Италија