МНТ ги почна подготовките за копродукциската претстава „Прекината Одисеја“
Македонскиот народен театар почна интензивни подготвки за претставата „Прекината Одисеја“ во режија на Јацек Гломб, која е копродукција со театарот „Хелена Моджејевска“ од Легница, Полска.
Проектот е базиран на судбината и егзодусот на децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија кои завршиле во Полска - поголем дел во градот Легница. Во периодот од 1946 до 1949 година, Полска ги прифатила децата бегалци и тие биле сместени во полските училишта и образовните центри, а подоцна им се придружиле и нивните родители. Дел од имигрантите создале свои семејства и останале засекогаш во Полска, а дел од нив во 1970-тите години се вратиле на Балканот и во тогашна Југославија.
- Оваа комплексна тема, режисерот Гломб ја почна со прибирање податоци за сите тие големи човечки судбини, преку разговори со децата бегалци, кои беа директни учесници во големиот прогон, посета на музеи и работилници со актерите од Македонија и Полска во МНТ. Претставата опфаќа актери од Македонија и Полска, со кои режисерот веќе работеше во театарот „Хелена Моджејевска“ во Легница. Следува работа со македонските актери во Македонскиот народен театар чии проби почнуваат денеска, информира МНТ.
Двата ансамбла подоцна ќе работат на заедничка подготовка, по што праизведбата на претставата „Прекината Одисеја“ се очекува на 17 септември 2016 година во Македонскиот народен театар. Претставата ќе биде изведена десет пати во Македонија, а во ноември годинава ќе се одигра и десет пати во Варшава, Вроцлав, Легница и Краков.
Преставата ќе се игра на двата јазика, македонски и полски, а учествуваат околу 30 актери. Од МНТ се вклучени актерите: Владо Јовановски, Софиа Насевска-Трифуновска, Сашка Димитровска, Снежана Коневска-Руси, Билјана Јовановска, Борче Начев, Нино Леви и Трајче Ѓоргиев.
Драматург на претставата е Роберт Урбански од Полска. Музиката е на Горан Трајкоски, а сценографијата и костимите се на Малгорзата Буланда.
МНТ потсетува дека соработката помеѓу двата театра почна со меѓусебно гостување. Првото официјално гостување на Македонскиот народен театар беше од 4-ти до 8 декември 2015 година во театарот „Хелена Моджејевска“ во Легница, кој е еден од петте позначајни театри Полска.
- Соработката на двата театра е, исто така, од особено значење за продлабочувањето на македонско-полската културна соработка, што се гледа и во подготовката на претставата „Прекината Одисеја“, наведува Македонскиот народен театар.
Ново на Сител
-
Трамп: Три нуклеарни локалитети во Иран се уништени, ќе уништиме и нови ако ги изградат
-
Министерот Алиу најави реформа на Мој Термин
-
Шест лица и едно дете пренесени на Клиниката за токсикологија по пожар во стан во Скопје
-
АНБ: Одземени огнено оружје и мобилни уреди при претреси на две локации во Скопје
-
Приведен 36-годишник од Дебар, упатувал закани со нож
-
Полициски службеник физички нападнат од едно лице на Средно Водно
-
Сообраќајна несреќа во Тетово, почина 68-годишен велосипедист
-
32-годишен маж физички нападнат од својата сопруга, го турнала и нивниот малолетен син