Бизнис
15. March 2019 - 19:43

Младите заминаа на брод, хотелиерите се соочуваат со недостиг на кадар

Угостителите и хотелиерите се соочуваат со недостаток на туристички кадар.Тоа го потврдува и истражувањето на Универзитетот Гоце Делчев од Штип кое покажува дека на стопанствениците им фали стручна работна сила која веднаш ќе може да биде вклучена во пазарот на трудот без притоа да троши време за дополнителни обуки. Младите или заминуваат во странство, или не се заинтересирани за работа најчесто поради ниската плата.

И Бугарија и Хрватска го имаат истиот проблем особено во летниот период ,недостигот на кадар го надополнуваат со ангажман на работници од соседните земји.

Експертите по туризам сметаат дека крајно време е сериозно да се пристапи кон решавање на овој проблем бидејќи развојот на туризмот во голема мера зависи токму од стручниот кадар кој се занимава со оваа дејност.