Loading Video...
Ракомет
7. August 2022 - 17:45

Младите македонски ракометарки ќе разигруваат за 11-место на СП во Скопје

Женска кадетската репрезентација на Македонија ќе игра за 11  место на  СП за ракометарки до 18 години што се одржува во Скопје. 
 
Ова откако попладнево  нашите ракометарки беа поразени од врсничките од Германија со 24-31  во меч од разигрувањето за пласман од 9 до 12 место,
 
Така црвено-жолтите за противнички во последниот свој натпревар на Мундијалот ќе ја имаат селекцијата на Хрватска која загуби од Норвешка на пенали со 10-9 откако мечот заврши нерешено 30-30.  
 
Натпреварот за 11 место на СП меѓу  Македонија - Хрватска на програмата е утре.