Ракомет
29. July 2016 - 14:56

Младите македонски ракометари на мегдан против Данска домаќинот на ЕП

 Јуниорската ракометна репрезентација на Македонија по вчерашниот пораз од Норвешка (24-27), ќе има тешка задана на вториот ден на Европското првенство за играчи до 20 години.
 
Вечерва во Колдинг, во рамките од 2.коло на А групата, избраниците на селекторот Александар Јовиќ ќе играат против домашната репрезентација на Данска која важи за еден од главните фаворити за освојуваше на шампионскиот трофеј. 
 
Фаворитската улога младите Данци ја потврдија синоќа во натпреварот со репрезентацијата на Холандија која ја совладаа со 31-24. 
 
Вечерашниот натпревар меѓу Македонија и Данска ќе започне од 20 часот, а претходно од 18 часот ќе играат Норвешка и Холандија.