Фудбал
6. October 2017 - 18:52

Младите македонски фудбалери поразени од Србија

Младата македонска фудбалска репрезентација е поразена од Србија во меч од квалификациите за ЕП 2019 година. 
 
Во меч од седмата квалификациска група, одигран попладнево во Скопје, младите фудбалери на Македонија загубија од Србија со 2:0 
Првата шанса во 13.минута ја имаа нашите фудбалери поточно Ѓорѓев кој биеше од 20-тина метри, но неговиот удар го одбрани српскиот голман Радуловиќ
Во 22.минута гостите поведоа со 1-0 со голот на Саша Лукиќ кој ја искористи заспаноста на нашата одбрана. 
Петнаесет минути подоцна (37) Андрија Живковиќ со прекрасен гол од далечина и донесе предност на Србија од 2:0, што подоцна се покажа како конечен исход на дуелот. 
Во првиот меч од оваа група  Русија со 1:0 ја победи Австрија 
 
На табела на првите две позиции со по 7 бодови се Русија и Ерменија, додека Србија сега има 6, а по неа следуваат Австрија и Македонија со по 3 бода, додека  последна е селекцијата на ГИБРАЛТАР 0 (5) против која нашите фудбалери ќе играат во вторник (10 октомври)