Македонија
2. April 2019 - 13:06

„Млади за Македонија“ со барања до претседателските кандидати и партиите

Во пресрет на претседателските избори, како одговор на тиранската платформа и нелегалната промена на нашето име, движењето „Млади за Македонија” објави македонска платформа со конкретни барања од претседателските кандидати и македонските политички партии. Македонската платформа содржи 60-тина политички, економски и образовни барања кои се движат почнувајќи од платена студентска пракса и намалување на платата на пратениците на ниво на минималната плата, па се до укинување на Преспанскиот договор и одвојување на 8% од БДП за капитални инвестиции и поддршка на старт-ап компании основани од младите.

Дел од барањата се идниот: Претседател ќе се заколне во Република Македонија наместо во Северна и да продолжи со ветото од сегашниот Претседател на сите ‘северни’ закони. Од политичките партии се бара да се врати старото знаме и нашето уставно име, укинување на Преспанскиот договор, укинување на договорот за добрососетство со Бугарија, решавање на последиците од Тиранската платформа и владеење на правото. Исто така, се бара и одвојување на 8% од БДП за кредитирање и инвестиции и помош во start-up компании на младите, како и 3% од БДП за инвестиции во науката за проекти од највисок национален интерес. Се бара целосно престуктуирање на МАНУ, формирање на Македонска вселенска агенција; Македонска истражувачка станица на Антартикот; и Македонски генетски институт, како и возобновување на Охридската книжевна школа како државен универзитет.

Македонската платформа е правен документ заснован врз почитување на оновните човекови права и слободи, а официјалното име на документот е “Манифест за заштита и унапредување на човековите права и слободи.” Доколку целосно се реализира оваа платформа, на долг рок целосно ќе ја промени иднината на Македонија и на македонскиот народ.

Линк од платформата

https://docs.google.com/document/d/19a_VIjoiie5FDxIgaH7BsCi6T-tu1bMZs0GLtUHDiT4/