Живот
19. August 2015 - 11:05

Младенци од Црна Гора хит на интернет: Еве како излегоа пред матичар

Венчавката на младиот пар од Андријевица привлече големо внимание на интернет. Имено, Јован и Марија Вуковиќ се венчале неодамна во црногорската општина, а пред матичарот излегоа во дресови од Ливерпул.

Јован инсистирал  на тоа да се избегнат конвенционалните одела, а на овој начин ја искажа љубовта и кон клубот и кон жената со која ќе го помине остатокот од животот.

Младенците пред неколку месеци добија и наследник, Филип со кој ќе се зголеми армијата навивачи на Ливерпул на Балканот.