Македонија
30. December 2020 - 14:12

Мизрахи на Заев му покажуваше слики од свои роднини однесени во Треблинка од бугарскиот фашистички окупатор

Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Рашела Мизрахи, на денешната собраниска седница за пратенички прашања од говорницата на премиерот Зоран Заев му покажуваше фотографии од своите роднини кои биле однесени во Треблинка.

-На оваа фотографија е целото мое потесно семејство, кое беше товарено во воз за Треблинка од бугарскиот фашистички окупатор. Преживеа само мојот дедо, чиј наследник сум јас. Дали стоите на ставот дека Бугарија била администартор на Македонија, а не окупатор? – праша Мизрахи.