Балкан
7. November 2017 - 15:59

Мистерија во болница: Пациент починал, во торба оставил десетици илјади марки

Во белодробниот оддел на ЈУ Болница Добој докторите пријавиле несекојдневен настан.
 
Како што пишува ATV, пациент починал и оставил десетици илјади марки, кои по неговата смрт нема кој да ги земе.
 
Болницата е во потрага по наследниците на Јове Ќулибрк роден 1949 година со адреса во Дервента. Тој лежел во болницата од крајот на октомври, а починал минатито викенд.
 
Тој наводно бил роден во Петровац, а по професија бил рударски инженер. Во болница дошол со упат, но без осигурување и со сам оеден телефонски број.
 
Информиран е надлежниот Центар за социјална работа, кој ги превземал обврските околу погребот. Полицијата би требало да помогне за да се најде наследникот.