Македонија
20. December 2016 - 15:46

Миноски:ВМРО-ДПМНЕ е за раст на платите и пензиите, СДСМ за кратење

ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата се за раст на платите, на пензиите, на капитални инвестиции, за економски политики кои ќе ја придвижат економијата напред, кои ќе обезбедат економски раст и ќе креираат нови работни места, додека СДСМ е за рестриктивна економска политика. За кратење на платите и пензиите, за отпуштања, за намалување на потрошувачката, со што ќе предизвика стагнација што ќе доведе до нови отпуштања, до продлабочување на кризата а потоа економијата ќе влезе во вртлогот од кој што ќе се најдеме на пат-неповрат.

Ова го истакна Кирил Миноски министер за финанси и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ денеска на прес-конференција во партиското седиште.

Тој додаде дека граѓаните денес можат да се уверат дека кога нешто ќе ветат стојат на зборот и оти нивниот збор значи сигурност. 

Тој додаде дека СДСМ пред изборите, пред само една недела, пред граѓаните ветуваше просечна плата од 30.000 денари, повисока минимална плата, нови вработувања, зголемување на пензиите и тоа, како што истакна, не еднаш, туку два пати годишно, а веќе вчера пропагираше отпуштања во јавниот сектор, намалување на платите и кратење на пензиите.

- На ова предупредувме. СДСМ сакаше на граѓаните да им подметне уште еден 15-ти септември. Но за среќа, овојпат мнозинството на граѓани не поверува на лагите. Тоа е единствената позитивна страна во сето ова, рече Миноски, додвајќи дека од опозиција овие луѓе нема да може да им наштети на граѓаните на Република Македонија, нема да отпуштаат луѓе од работа за да ги вработат своите послушници, ќе ги кратат плати и пензии.

- Кога беше на власт, ги скрати пензиите за 8 отсто. Ниту еднаш не ги покачија, а ги скратија за 8 проценти! Пензиите ги исплаќаа на рати, во три групи во месецот. Пензиите постојано доцнеа. 200.000 граѓани беа избркани на улица и останаа без работно место, што значи дека 200.000 семејства беа оставени да живеат во сиромаштија и без средства за егёистенција. Стапката на невработеност изнесуваше рекордни 38 проценти во светски размери, потенцира Миноски и додаде дека благодарение на политиките и мерките што ги преземаше Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ потоа беа искреирани нови 160.000 работни места и стапката на невработеност е сведена на историски најниски 23,4 проценти.

Според Миноски мнозинството на граѓани се одлучи за нови работни места, а не за затворање на постоечките, реваншизам и бркање од работа и потенцира дека ќе продолжат со политиките и мерките за отворање нови 70.000 работни места.

Потсети дека Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ја зголеми просечната пензија за 70 проценти, а најниската пензија за дури 90 отсто и оти за разлика од СДСМ нема да ги кратат пензиите, туку, како што ветивле, во следните 4 години ќе ги зголемат  за дополнителни 10,25 отсто.

- ВМРО-ДПМНЕ во периодот 2007-2008 година, пред светската економска криза, ги покачи платите во јавниот сектор за 25 отсто. Во октомври 2014 година се реализираше уште едно покачување на платите во јавниот сектор за 4 отсто. Во следните 4 години, како што ветивме, платите во јавниот сектор ќе ги зголемиме за 10,25 отсто, наведе Миноски и додаде дека оа е првата Влада во Република Македонија која со закон ја утврди висината на минималната плата во земјава и според нивните ветувања таа ќе ја зголемат на износ од 14.000 денари.

Миноски потенцира дека позициите се сега многу појасни и ги увери граѓаните дека тие стојат на зборот што го ветиле и оти граѓаните може да се потпрат нанивниот збор кој значи сигурност.