Свет
22. September 2015 - 9:42

Министрите за внатрешни работи на ЕУ ќе заседаваат за мигрантските квоти

Министрите за внатрешни работи на ЕУ денеска ќе се сретнат во Брисел и повторно ќе го разгледаат прашањето за зголемување на квотите при распределбата на 120.000 мигранти и бегалци ширум 28-те земји членки на Унијата.

На оваа тема утре ќе се одржи и вонреден Самит на лидерите на ЕУ.

Германската канцеларка Ангела Меркел вети дека ќе направи се што е потребно проблемот со распределувањето на бегалците да се реши со консензус, а не со едноставно надгласување на партнерите од ЕУ.

Германија го поддржува воведувањето на обврзувачки систем на квоти за распределување на бегалците за секоја држава, но источните земји-членки на ЕУ се против таквиот план.

Чешка, Полска, Унгарија и Словачка, кои се против фиксните квоти за прифаќање мигранти во земјите од Унијата, вчера соопштија дека се подготвени да склучат договор со западните партнери за решавање на бегалската криза.