Loading Video...
Свет
21. September 2020 - 19:35

Министерот за здравство на Чешка денеска поднесе оставка поради критиките за справување со здравствената криза

Министерот за здравство на Чешка, Адам Војтех денеска поднесе оставка поради критиките за справување со здравствената криза по зголемувањето на случаите на коронавирус во земјата.

Премиерот Бабиш објави дека Војтех можел да биде запаметен како најдобриот чешки министер за здравство, доколку не ја трошел целата своја енергија борејќи се со коронавирусот.

По Шпанија, Чешка има второ најголемо зголемување на бројот на заболени од Ковид 19 во Европа, откако беа укинати вонредните мерки.

Најголемите светски банки дозволувале трансфер на валкани пари, покажуваат извештаите на американската единицата за финансиски криминал.

Таканаречените “Финцен документи”, кои ги објавува конзорциум на новинари од целиот свет, откриваат дека над две илјади милијарди долари во корумпирани трансакции биле испрани преку најголемите банки од Западот. Сумата е за периодот од 1999 до 2017.

Дојче банк, Џеј-Пи Морган, како и најголемата британска - Ха-Ес-Це-Бе, се меѓу банките кои најчесто се појавуваат во „ФИНЦЕН досиејата“.

Иако се сомневале, овие банки продолжиле да вршат трансакции со криминалци, олигарси и корумпирани политичари во наведениот период, притоа збогатувајќи се себе си и своите акционери.

Белоруското МВР соопшти дека за време на вчерашните протести во земјата биле уапсени 442 лица, од кои најголемиот дел во Минск. Протестите избија по претседателските избори во август, на кои актуелниот претседател Александар Лукашенко освои повеќе од 80 проценти од гласовите.

Опозицијата тврди дека изборите биле нерегуларни и бара оставка од Лукашенко. Шефот на европската дипломатија Жозеп Борел најави дека шефовите на дипломатиите ќе разгледаат како да го поддржат народот во Белорусија, имајќи предвид дека ЕУ не го прифаќа Лукашенко за легитимен претседател.