Министерот за одбрана на САД пристигна во американската база во Џибути
Американскиот министер за одбрана, Џејмс Матис пристигна во Џибути на куса посета во стратешки важната земја, каде се наоѓа единствената постојана воена база на САД на африканскиот континент и каде Кина гради свои сопствени воени објекти.
Во моментов во американската база Кемп Лемоние се наоѓаат околу четири илјади воени лица и цивили на САД, според Пентагон.
Базата има клучна улога во поддршката на воените операции во Африка, особено во Сомалија, каде американските војници им помагаат на локалните сили да се борат против бунтовниците од групата „Ал Шабаб“, кои се поврзани со Ал Каеда.
Базата игра и важна улога за поддршка на операциите на САД во Јемен, каде американските специјални сили редовно извршуваат операции со беспилотни летала за ликвидирање на лидерите на Ал Каеда на Арапскиот Полуостров.
- За Министерството за одбрана на САД, Кемп Лемоние и Чабелеј (аеродром на десетина километри, користен од американските беспилотни летала) се од суштинско значење, изјави американски претставник.
Се очекува Матис денеска да се сретне со претседателот на Џибути, Исмаил Омар Гелех. Тој ќе се сретне и со командантот на американските сили во Африка, генерал Томас Волдхозер.
САД веќе неколку месеци изразуваат загриженост поради изградбата на првата кинеска база за воена поддршка во странство, во близина на Кемп Лемоние. Кинеската база ќе може да прима воени бродови.
Џибути се наоѓа во близина на протокот Баб ел Мандеб, на излезот на Црвеното Море кон Индискиот Океан. Тој морски пат е од стратешко значење за светската трговија.
Ново на Сител
-
Инспекторатот ќе контролира дали рабодавачите ја почитуваат владината одлука за неработен ден
-
До четврток облачно со дожд, од петок стабилизирање на времето
-
Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе може да гласаат на утрешните претседателски избори
-
Тешко повреден пешак во сообраќајка на „Партизанска“ во Скопје
-
Во Хрватска падна снег | ВИДЕО
-
Пожар на грчкиот остров Крит во близина на поморската база Суда, превентивно евакуирани населба, болница и училиште
-
Првите шест авиони „Рафал“ во Хрватска пристигнуваат оваа недела
-
Швајцарија замрзна руски имот во вредност од 5,8 милијарди франци