Македонија
12. јуни 2017 - 15:57

Министерот Салији се сретна со амбасадорот Жбогар

Министерот за правда Билен Салији и амбасадорот на ЕУ во Македонија, Самуел Жбогар на денешната средба разговарале за политичката состојба во државата, за итните приоритетни реформи, односно за создавањето стратегија во судството.

Министерот Салији, како што соопшти неговиот кабинет, изразил благодарност до амбасадорот Жбогар за посетата и подготвеност за продолжување на конструктивната соработката.

Во соопштението од Министерството за правда се додава дека и амбасадорот Жбогар изразил подготвност за продолжување на соработката со сите институции кои се во надлежност на ова министерство.