Македонија
4. October 2016 - 8:25

Министерката за одбрана на Словенија во официјална посета на Македонија

Министерката за одбрана на Република Словенија, Андреја Катиќ денеска ќе престојува во официјална посета на Република Македонија.

По церемонијата на свечен пречек во Министерството за одбрана, како што е најавено, министерката Катиќ ќе има тет-а-тет средба со министерот за одбрана на Република Македонија, Зоран Јолевски.

Катиќ ќе биде примена и од претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов.