Министерката Димитриеска-Кочоска на 10. Економски форум во Делфи

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска од денеска до 11 април ќе учествува на Економскиот форум во Делфи, кој обединува на едно место креатори на политики, претседатели на држави, премиери, министри, претставници на бизнис и на академската заедница и експерти од над 55 земји во светот.
Како што информира Министерството за финансии, форумот преку повеќе панел-дискусии ќе биде фокусиран на низа глобални и регионални теми поврзани со геополитичката и меѓународната безбедност, светската економија, климатските промени, енергетиката, туризмот, технологијата и општеството.
Вториот ден од форумот ќе биде посветен на финансиите и економијата и ќе бидат отворени прашањата за стратегии за забрзан раст и развој, транзиција кон одржливи модели на развој и финансирање на идниот одржлив развој, стратешки партнерства за унапредување на економската конкурентност и економската безбедност, новата индустриска стратегија на ЕУ и кохезионите политики на ЕУ по 2027 година. Учесниците ќе имаат можност да се вклучат во дебатите, да разменат идеи и да дискутираат за идниот развој.
Годинашниот Економски форум е десетти по ред и традиционално се одржува во грчкиот антички град Делфи. Форумот, како независна и непрофитна организација со меѓународен карактер, има за цел да ги претстави реалните состојби и притоа да се бараат решенија за справување со глобалните предизвици и за обезбедување поодржлива и просперитетна иднина.
Ново на Сител
-

Тошкоски на средби во Вашингтон
-

Едносменската настава приоритет за МОН
-

Активностите за изградба на регионална депонија течат според планот
-

Струмица се подготвува за литија со иконата на Богородица Брзопослусничка
-

Преглед на вестите од светот
-

Имаат ли властите стратегија за овогодинешните пожари на депониите?
-

Тема на денот со Александар Кржаловски, директор на МЦМС
-

Кризната состојба за нафтата ќе трае до 20 јули
