ОН: Минатата година низ светот убиени повеќе од 140 хуманитарни работници
Повеќе од 140 хуманитарни работници се убиени во 2021 година, соопшти денеска Службата на ОН за координација на хуманитарни прашања со седиште во Женева.
Бројот хуманитарни работници убиени за време на конфликт или како последица на напад, е највисокиот од 2013 година наваму, се појаснува во соопштението на организацијата што ги координира хуманитарните активности во случај на глобални хуманитарни кризи.
Повеќето од убиените биле застрелани, додека втора најчеста причин за смртта е последица на воздушни напади или гранатирање, најчесто во Сирија. Минатата година биле ранети 203 хуманитарни работници, а 117 биле киднапирани. Што се однесува на тековната календарска година, од јануари досега се регистрирани 168 напади врз хуманитарни работници, при што се убиени 44 од нив.
„Хуманитарните потреби се поголеми од кога и да било, а хуманитарните работници работат во уште поопасна средина“, рече потсекретарот на ОН за хуманитарни прашања, Мартин Грифитс.
Најопасни земји за хуманитарните работници се Јужен Судан, Авганистан и Сирија, соопшти Канцеларијата на ОН за координација на хуманитарни прашања.
„Повеќе луѓе ширум светот имаат потреба од хуманитарна помош од кога било досега, а 300 милиони од нив живеат во кризни региони“, изјави портпаролот на агенцијата Јенс Лерке.
Иако донаторите обезбедуваат повеќе помош од кога било досега, потребите секојдневно растат, додаде тој.
Ново на Сител
-
Убедливо водство на Силјановска
-
Тема на денот со Љупчо Петковски, политиколог
-
Светските медиуми известуваа за изборите во Македонија
-
Бизнисот очекува политичка промена и исполнување на ветеното
-
ГРОМ призна пораз, ЗНАМ сметаат дека се родила третата опција, Левица очекува повеќе гласови на 8ми мај
-
Преглед на вестите од светот
-
Убедливо водство на Силјановска
-
ОБСЕ/ОДИХР ги објави првичните резултати за првиот круг претседателски избори