Кошарка
10. December 2018 - 12:35

Милвоки го доби Торонто во дербито на истокот

 
Во НБА лигата ноќеска беа одиграни четири натпревари. 
 
Дерби дуелот се играше во Торонто, каде се сретнаа двата најдобри тима од Источната конференција. Јанис Антетокуопмпо со дабл-дабл учинок од 19 поени и исто толку скокови ги предводеше Милвоки до триумфот над „Репторси“ со 104-99. За победничката екипа 19 поени  реализира и Брук Лопез, додека на домаќините не им помогнаа нити 22 поени на Серж Ибака, односно 20-те на  Кавај Ленард за „Репторси“ да го избегнат третиот пораз на последните четири натпревари. 
 
Кошаркарите на Сан Антонио славеа победа на домашен терен против „Џезерите“ од Јута со 110-97. Триото ДеРозен (26), Геј (23) и Олдриџ (20) постигнаа повеќе од половината поени на „Спарси“. 
 
Останатите два натпревари завршија со победи на гостинските екипи и тоа, Њу Орлеанс го совлада  Детроит со 116-108, додека Шарлот славеше кај Њујорк со 119-107.