Loading Video...
Кошарка
7. November 2019 - 13:40

Милвоки го доби дербито против "Клиперси"

Во дербито на вечерта во НБА лигата, одиграно во Лос Анџелес, тимот на Милвоки ги победи „Клиперси“ со 129-124.
 
Во отсуство на првите ѕвезди на домашниот тим Каваи Ленард и Пол Џорџ, целата „слава“ ја „украде“ Јанис Антетокумбо кој мечот го заврши со 38 поени, 16 скока и 9 асистенции. 
 
Со тоа грчкиот кошаркар стана првиот играч во историјата на НБА лигата, кој во првите осум натпревари од сезоната постигнал најмалку 200 поени, имал 100 скока и 50 асистенции.
 
Неизвесни дуели се одиграа во Далас и Јута. 
 
 „Маверикси“ предводени од Лука Дончиќ и неговите 27 поени, 7 скока и исто толку асистенции го победија Орландо со 107-106, додека „Џезерите“ пред својата публика славеа над Филаделфија со 106-104.