Милиони евра за плати и луксузирање на косовските пратеници
Само во последните четири месеци од минатата година пратениците во косовското Собрание примиле 1,3 милиони евра на име на плати и дневници, потрошиле 30 илјади евра на службени ручеци, околу 22 илјади евра за телефонски трошоци, а за патувања и дневници во странство добиле околу 30 илјади евра, јавува дописникот на МИА од Приштина.
Според финансиските извештаи, кои ги анализира весникот „Зери“, од септември до крајот на декември 2017 година пратениците потрошиле дополнителни 14 илјади евра за службени патувања во земјата.
Весникот забележува дека Собранието се уште не ги објавило финансиските извештаи за почетокот на годинаваа, а од собраниските служби информирале дека извештајот за првиот квартал од годинава ќе се објави откако ќе помине на Комисијата за финансии и буџет.
Ново на Сител
-
ССМ утре на протест за повисоки плати, КСС ќе остане дома
-
Почна процесот на вработување на специјализанти
-
Обука за медицински персонал од штипска физикална за третман на повредините во пожарот во Кочани
-
Преглед на вестите од светот
-
МВР истражува дали е подметнат пожарот во куќата на Пандов
-
Камбовски: Оставки не носат реформи во судството
-
Судиите бараат да бидат вклучени во законски измени на правосудството
-
СДСМ: Наместо решение за цените, добивме маркетиншки трикови