Фудбал
24. March 2022 - 12:55

Милевски: Не сме овде случајно

Македонската фудбалска репрезентација вечерва во 20ч ќе истрча на стадионот во Палермо да се бори за финале во мундијалскиот бараж со домаќинот, актуелниот европски првак Италија.
Аѕурите се голем фаворит но „рисовите“ веќе неколкупати потврдија дека изненадувањата се можни:

„Секој натпревар е посебен, секој натпревар се игра со различни фудбалери и се може да се случи. Јас немам модел кој треба да го следам.

Ние сме подготвени, сите фудбалери се расположени за игра. Не сме овде случајно и затоа очекуваме одличен натпревар. Јасно ни е дека не сме на нивото на Италија, но утре ќе направиме се за да победиме.

Што се однесува до Манчини, исклучително го почитувам и знам дека не е случајно тоа што минатото лето стана европски шампион“, изјави Милевски.