Џет-Сет
11. May 2017 - 10:38

Миленикот на Тарантино замина во вечноста

Актерот Мајкл Паркс, кој играше во култната серија „Твин Пикс“ и во филмот „Кил Бил“, почина на 77 години, јавија денеска американските медиуми.

Веста за неговата смрт ја објави на социјалните мрежи, режисерот и негов пријател Кевин Смит, а потврдена е од агентот на Паркс.

Овој актер во текот на својата кариера играше во филмовите на најпознати режисери, како што се Квентин Тарантино и Роберт Родригез.

Во првиот и вториот дел Кил Бил го играше ликот на Ерл Мекгро и Естебан Вихајо.