Loading Video...
Спорт плус
25. јуни 2019 - 14:18

Милано и Кортина д'Ампецо домаќините на ЗОИ 2026 година

Зимските олимписки игри во 2026 година ќе се одржат во Италија, Милано и Кортина д'Ампецо ја добија организацијата.
 
Ова е одлуката на Интернационалниот олимписки комитет, кој реши организацијата на Зимската олимпијада да му ја довери на Милано а не  Стокхолм 
 
По точно 20 години Италија беше домаќин на Зимски олимписки игри откако во 2006 година организатор беше Торино.
 
Во Милано ќе се одржуваат сите натпревари во сала и на затворено, додека останатите спортски дисциплини ќе се одржуваат во Кортина д'Ампецо и Вал ди Фиеме.