Милан „златно јајце“ за Берлускони
Холдинг-компанијата на поранешниот италијански премиер и сопственик на Милан, Силвио Берлускони забележила неверојатен пресврт во профитот по продажбата на седумкратниот европски шампион.
Берлускони беше на чело на Милан 31 година, претворајќи ги „росонерите“ од банкротиран клуб до еден од најдобрите во Европа. Сега, неговата компанија „Фининвест“ од загуба од 120 милиони евра, забележи профит од 687 милиони евра.
Берлускони го продаде клубот на кинескиот бизнисмен Јонгхонг Ли во април 2017 година за 740 милиони евра и ова целосно ги „сврте“ финансиите на Италијанецот. „Фининвест“ ја завршиле фискалната 2016/17 со загуба од 120.2 милиони евра, но во 2017/18 имале профит од 687.7 милиони евра, од кои продажбата на Милан донела 611.5 милиони евра.
Додека Берлускони и неговото семејство може да уживаат во богатството добиено од „росонерите“, судбината на Милан е неизвесна. Клубот доби двегодишна суспензија од настапите во европските купови поради непочитување на финансискиот фер-плеј, а наводната продажба на клубор од Ли на американскиот милијардер Роко Комисо за 500 милиони евра уште не е одобре
Ново на Сител
-
Мисајловски: Ќе ги скратиме непродуктивните трошоци, за пензионерите ќе има 5.000 денари покачување на пензиите
-
Во Украина 50.150 лица се водат како исчезнати
-
ОН: На Хаити е катаклизмична ситуацијата
-
Бела куќа: САД испратија писмено предупредување на Русија за нападот во Москва, бесмислица е тврдењето за вмешаност на Украина
-
МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата
-
ВМРО-ДПМНЕ ги потврди листите за пратеници
-
Зеленски: Русија планира голема офанзива во наредните месеци
-
18-годишен тетовец украл автомобил, па направил сообраќајка