Фудбал
12. April 2021 - 10:33

Милан нема намера да го продаде Леао за помалку од 50 милиони евра

За напаѓачот на Милан, Рафаел Леао, се заинтересирани неколку екипи пренесува „Калчомеркато“. Според италијанскиот медиум, 21-годишниот Португалец најмногу го бараат Евертон и Јувентус. Во исто време се известува дека Милан нема намера да се раздели од играчот за помалку од 50 милиони евра.

Во тековната сезона, Ле има одиграно 33 натпревари на сите турнири, на кои постигна 7 гола и направи 5 асистенции.

По 30 кола, Милан е втор на табелата во Серија А со големи шанси по подолго време да обезбеди учество во Лигата на шампионите.