Фудбал
11. March 2020 - 12:27

Михајловиќ во посебна изолација поради коронавирусот

Коронавирусот најтешко ги погодува хронично болните кои најмногу треба да стравуваат од оваа болест.

Србинот успешно ја мина терапијата откако му беше дијагностицирана леукемија, а сега поради таа болест спаѓа во ризичната група на луѓе на кои коронавирусот може да влијае фатално.

Поради тоа, Михајловиќ по консултација со лекарите се преселил во Рим каде засега вирусот Ковид 19 нема земено голем замав.

Стратегот на Болоња сега се наоѓа во посебна изолација во гравниот град на Италија и ќе биде ослободен од сит активности на клубот во следниот период.