Мигрената почнува да се јавува на 24 а косата да побелува на 39 години
Научници по пат на анкета, во која учествувале повеќе од две илјади луѓе констaтирале дека симптомите на мигрена почнуваат да се јавуваат на 24 години, болките во нозете на 33, а косата да побелува на 39 години.
Научниците формирале временска линија со назначени периоди во кои постои најголема можност да боледувате од мигрена, артритис, но и вашата коса да побели.
Како што пишува Даили Меил според податоците од анкетата артритисот се појавува во 40-тите, а преголемото потење се јавува кај жените во менопаузата во 50-тите.
Две третини од испитаниците постари од 30 години, кажале дека со одминување на годините почнуваат да чуствуваат нарушување на здравјето.
Повеќе од половина од испитаници сметаат дека ладното време влијае на здравствените проблеми во втората и третата фаза од животот, но и голем дел од нив признале дека имаат лоши навики односно пушат цигари не спортуваат итн.
Со истражувањето е утврдено и дека нередовната и неправилна исхрана, недоволно спортска активност, неспиењето, претераното конзумирање алкохол и цигари ја зголемува можноста за заболување од одредени болести.
Ново на Сител
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 18:30 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 15 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 13 часот
-
Просечна излезност до 11 часот
-
ОБСЕ: На крајот на денот ќе оцениме како се одржало гласањето
-
Аналитички центар на Сител: Просечна излезност до 9 часот
-
Министерот се премисли: Основците нема да одат на училиште во сабота
-
Агресијата кај учениците е резултат на целокупната состојба во државата