Свет
20. July 2015 - 11:58

„Мицубиши“ се извини за користењето американски заробеници во Втората светска војна

Јапонската компанија „Мицибиши“ јавно се извини затоа што во текот на Втората светска војна, во рудниците што тогаш биле под нејзина контрола, биле користени американски воени заробеници, како присилна работна сила.
 
Високиот функционер на компанијата, Хикару Кимура изрази каење и се извини, за ваквото однесување, на една пригодна церемонија, што се одржа во центарот „Симон Визентал„ во Лос Анџелес.
Ова е прв пат, една јапонска компанија, да се извинува за користењето на заробениците, како присилни работници во нејзините погони.
На чинот на извинувањето присуствуваше и Џејмс Марфи, кој сега има 94 години, а се верува дека е еден од двајцата преживеани некогашни американски војнци, кој биле присилени да работат во еден  од јапонските воени власти, да работат во еден од рудниците на „Мицубиши„.
„Ова е божетвен ден за мене, што 70 години го посакував„- изјави Марфи по церемонијата.
Околу 500 американски војнци-воени зарабеници, биле присилени да работат во рудниците на компанијата, заедно со илјадници заробеници од Филипините, Кореа и Кина, кои биле третирани како робови.
Сите работеле во четирите рудници на тогашната рударска компанија „Мицубиши„ што се наоѓале на различни локации.
Постапката на „Мицубиши„ е независна од јапонската влада, која веќе има изразено формално жалење и извинување до некогашните американски воени заробеници.
Официјален Токио во меѓувреме го поздрави гестот на компанијата, истакнувајќи го како значаен момент, пред одбележувањето на 70 годишнината од крајот на Втората светска војна, предвидено за идниот месец.
Во САД и во Јапонија се верува дека постапката на „Мицубиши“ ќе ја следат и другите јапонски компании кои исто така имаат користени американски заробеници, како присилни работоци во текот на војната.