Мицкоски:Корисна посетата на Брисел, изнесени позициите на партијата и темите што ја тангираат Македонија
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски ја оцени како успешна и многу корисна посетата на Брисел каде во два дена се остварени корисни состаноци на кои се изнесени позициите на партијата и реафирмиран е ставот за ориентирање кон полноправно членство во ЕУ и НАТО.
- Ќе ја искористиме нашата целокупна инфраструктура во рамките на сестринската Народна партија, за да можеме да добиеме позитивен извештај за напредокот на Република Македонија и нејзино понатамошно почнување преговори со ЕУ. Така што генерално се обидовме позитивно да дејствуваме за она што се вели напредок на Република Македонија во рамките на ЕУ, изјави Мицкоски.
Тој додаде дека на средбите станало збор и за тоа реалните теми што ја тангираат Република Македонија, кои, според него, имаат негативен предзнак. - Тоа се темите на моментално владејачката СДСМ за злоупотреба на државните институции, злоупотреба на моќта, потоа она што се вели политички терор она што се вели злоупотреба на мерката притвор, негативните резултати на економски план изгубеното чувство на доверба во демократијата, изгубеното чувство на доверба во институциите во системот, исто така изостануваат суштински реформи, реформи што треба Владата не само декларативно, туку и применливо да ги имплементира во РМ. Реформи што ќе значат подобар живот за нашите граѓани, подобар живот во општеството во РМ во целост, истакна Мицкоски.
Ново на Сител
-

Дојранското и Преспанското Езеро под просекот за декември
-

МВР: Петардите се опасни и штетни, засилени акциски контроли за празниците
-

Експертите советуваат: Не останувајте во брак само поради децата
-

Трамп објави пакет субвенции од 12 милијарди долари за американските фармери
-

Најавени нови блокади на грчките земјоделците на граничните премин Евзони и Ники
-

Долгот на граѓаните по основ на даноци кон Град Скопје е над 36 милиони евра
-

Мицкоски - Најт: Продлабочување на соработката меѓу институциите
-

Aвстралија официјално ги забрани социјалните мрежи за деца под 16 години
