Мицкоски упати честитка по повод 28 септември, Меѓународен ден на Бошњаците
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски упати честитка по повод 28 септември, Меѓународен ден на Бошњаците.
-Почитувани сограѓани од бошњачката заедница, дозволете ми од мое лично име и името на ВМРО-ДПМНЕ да Ви го честитам Меѓународниот ден на Бошњаците посакувајќи напредок и сигурна и извесна иднина. Празнувањето на овој ден во нашата земја е знак за негување на меѓусебните односи, но и знак за прифаќање на јазикот, богатата бошњачка традиција, идентитет и култура. Сакам да истакнам дека од големо значење е придонесот на Бошњачката заедница за економскиот, културниот и општествениот живот во државата.
Мојот личен приоритет, но и приоритет на ВМРО-ДПМНЕ продолжува да биде прифаќањето, разбирањето и толеранција на различностите и почитување на сите граѓани се со цел од Македонија да направиме држава за сите луѓе, да создадеме иднина за сите генерации и да работиме на подобрување на уловите за живеење. Да ја смениме тешката реалност, ѕидовите кои се издигнуваат, поделбите кои ги создаваат. Да се победи неспособноста и криминалот. Овој ден нека биде симбол на обединети и сплотени граѓани. Нека ви е честит Меѓународниот ден на Бошњаците, Ви посакувам добро здравје, среќа, радост, мир и спокој, стои во честитката.
Ново на Сител
-
Аналитички центар на Сител: Просечна излезност до 9 часот
-
Министерот се премисли: Основците нема да одат на училиште во сабота
-
Агресијата кај учениците е резултат на целокупната состојба во државата
-
ВО ЖИВО: Нема настава во сабота
-
Тема на денот со претседателот на ДИК, Александар Даштевски
-
ССК: Кога среда е неработен ден, сте ја изгубиле цела недела
-
Во Југоистокот на државата запишани 1547 болни и изнемоштени лица
-
ВО ЖИВО: Подготовки во ДИК