Македонија
6. February 2021 - 14:28

Мицкоски: Седумнаесет нови инвестиции во Петровец, се очекуваат дополнителни четири

 

Од пред некој ден во Петровец имаме 17 инвеститори, очекуваме уште дополнителни четири во деновите коишто следат, нови 500 работни места покрај постоечките 1.000 работни места. Уште еден доказ дека ако се сака се може и во услови на криза да се постигнуваат исклучителни резултати, истакна при денешната посета на индустриската зона „Чојлија“ лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

 

Тој потенцираше дека жали што е редок примерот во земјава за такви успешни општини, но нагласи дека  но истовремено е горд што градоначалникот на Општина Петровец покажал и докажал дека навистина кога макотрпно се работи, кога упорно се работи може да се привлечат инвеститори и во услови на криза, да се отворат нови високоплатени работни места.

– Општината Петровец денеска со гордост може да каже дека е општина број еден по број на нови инвестиции и по број на квалитетни отворени работни места иако морам да признаат дека како градоначалник од опозиција тој е многу поуспешен, би рекол најуспешен споредено со сите градоначалници кои што се од редовите на власта и покрај сите препреки кои што изминатиов период ги имаат сите коишто доаѓаат од опозицијата. Нешто што би рекол дека е антидржавно однесување на оваа неспособна и корумпирана влада која секаде низ светот не срами, рече Мицкоски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ посочи дека економските показатели во изминатиов период се нула странски инвеститори.

– Последните два квартали кои ги обработува Народната Банка покажуваат дека имаме одлив на странскиот капитал од Македонија. Во периодот кој следува очекувам тој период за жал да продолжи и во четвртиот квартал ли би рекол минимално да се зголеми и со тоа ние сме практично на дното по директни странски инвестиции во регионот далеку позади нашите соседи, а со оние земји од Централна и источна Европа не можеме ни да се споредуваме, рече Мицкоски.

Тој посочи дека пред некој ден е излезен извештајот од Управата за јавни приходи каде што се покажува и докажува погрешната економска политика на Владата.

– Имаме повторно потфрлање во собирањето на даноците, споредено со тоа што беше планирано во декември. Значи не можат ни тоа што во декември ќе го испланираат да го реализираат во јануари, а камо ли за да зборуваме за нешто повеќе. Станува збор за нешто повеќе од три отсто промашување во однос на планот и нешто повеќе од 7,5 отсто помалку собрани даноци споредено со истиот период од минатата година. Ако се има предвид дека се повратени назад во стопанството 600 милиони денари помалку споредено со истиот период од минатата година или една милијарда и 900 милиони, наспроти два милијарди и 500 милиони колку што отприлика беа за исиот период беа повратени назад во стопанството минатата година, доаѓаме до една алармантна и би рекол катаклизмичка ситуација во нашата економија. Немање на стратегија и немање на правец и немање на визија, образложи лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Сето тоа, како што рече, зачинето со признание на вицепремиерот Битиќи кој што вели дека не биле милијарда евра помош за стопанството како што тоа го збореше неговиот ментор и претседател на партија Зоран Заев и преостанатите за време на кампањата на оние украдени избори и потоа, туку биле 350 милиони.

– Прашањето е кој ги украде оние 650 милини кои што граѓаните, нашите деца, внуци, ние па и нашите родители треба да ги враќаат за да бидат задоволени хировите на владејачкото мнозинство за време на оние украдени избори, нагласи Мицкоски.

Тој му честита на градоначалникот на Петровец и администрацијата, која што ја предвод,и за успесите кои минатите години ги бележи, посакувајќи само така да продолжат и да покажат како работат луѓето кои си ја сакаат својата општина и сакаат таа да оди напред.