Мицкоски се сретна со Туск - побарана поддршка за евроинтеграциите на земјава
Лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицковски на средба со претседателот на ЕК изразил загриженост за состојбите во држвата и побарал поддршка за евроинтеграциите.
Мицковски говорел дека во државата недостасува правда, има зависен и корумпиран правосуден систем и растечка сиромаштија стои во писменото соопштение за средбата во рамки на Европската народна партија во Загреб.
Доналд Туск му изразил подготвеност да помогне на патот кон Европската Унија и градење на продлабочено партнерство и соработка со ВМРО-ДПМНЕ како членка на Европската Народа Партија.
Мицковски побарал поддршка и од хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ а за актуелните состојби разговарал и со потрпретседателот на ЕК за работни места Јирки Катајнен и со лидерот на албанската опозиција Љуљзим Баша.
Лидерот на ВМРО ДПМНЕ по овие билатерални средби заклучил дека идната Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе ги искористи сите потенцијали и пријателства да се одблокира европскиот пат, и да се спроведат реформи кои ќе донесат стандарди, подобар живот и обнова која им е потребна на граѓаните, стои во партиското соопштение.