Мицкоски: Никој не кажува што Заев преговара со Бугарија, граѓаните заслужуваат да знаат
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски за дневникот на Сител телевизија посочи дека за ВМРО-ДПМНЕ било кој договор или рамка која што ќе ја опфати дури и една запирка која што може да го начне идентитетот на македонскиот народ ќе биде неприфатлив. Идната влада на ВМРО-ДПМНЕ нема намера ниту да разговара, ниту да преговара поврзано со тоа начнување на македонскиот идентитет.
-Бидејќи ние не знаеме за што се преговара и до каде се тие преговори и дали воопшто нешто се преговара, сакам јавно од тука да упатам една покана до Зоран Заев бидејќи граѓаните заслужуваат да знаат. Било која телевизија еве нека организира едно соочување, за да можеме јас и тој да разговараме за тоа што се преговара. Каков е тој роуд-мап, кои се тие услови, а кои не биле поврзани со идентитетот. Но, и за други теми треба да разговараме пред граѓаните. Така да, како предлог еве во вашата емисија сакам да го повикам Зоран Заев и да разговараме за актуелните теми, а вклучително и за актуелната тема која што претстои - тоа е Самитот на ЕУ, изјави Мицкоски за Сител телевизија.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Анета Димоска, раководителка на итна медицинска помош
-
Засилени контроли на возачите во Охрид
-
Работниот ангажман ги менува навиките и животот на осудените лица во струмичкиот затвор
-
Нов марш на ангелите во Кочани
-
Голем пожар кај Желино
-
Голем пожар кај Желино
-
Четврт ден гори кај Василево
-
На инфективната Клиника дневно имаат по 20-тина лица со симптоми на труење со храна