Македонија
6. August 2019 - 16:27

Мицкоски: Македонија не е заробена туку изгубена држава

По три години власт не докажавте дека е заробена држава, но затоа Македонија денес е изгубена држава. Вака лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкосвски преку Фејсбук му одговори на премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев дека е време за конечен пораз на „заробената држава“ што ја оставила претходната власт.  Мицкоски причината за тоа дека Македонија е изгубена држава ја лоцира во начинот на кој владее Заев.

Тој вели дека ВМРО-ДПМНЕ не може да поддржи закон чија единствена цел е амнестија на криминалот на Заеви и пресметка со политичките противници од опозицијата, но и дека имплементацијата на правдата зависи токму од неговата партија.

За Мицкоски е неприфатливо е сегашната специјална обвинителка Катица Јанева и нејзините роднини и пријатели вработени во СЈО по сила на закон да биде префрлена во државното обвинителство. Наместо тоа, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ бара расчистување на случајот „Рекет“.

Од владејачката СДСМ коментираат дека ВМРО-ДПМНЕ има шанса да покаже дека е на страната на правдата со прифаќање на законот за обвинителство.

За забелешките дека Јанева и нејзиниот тим не треба да бидат дел од обивнителството поради Рекет, Шахпаска коментира дека токму затоа и течат преговорите.

Законот за јавно обвинителство веќе е стигнат во собраниска процедура и е ставен е на дневен ред на седницата на 27 август.