Мицкоски јавно повика сите што имаат докази за злоупотреби да ги достават

Премиерот Христијан Мицкоски јавно ги повика сите што имаат докази за злоупотреба, да ги достават за да можат институциите да делуват, отфрлајќи ги шпекулациите на опозицијата дека и други луѓе од власта се вмешани во злоупотребата на финансиски средства во Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.
Одговарајќи на новинарски прашања по поставување камен-темелник на изградба на нова спортска сала и втора фаза од доградба на нови простории во ООУ „Блаже Конески“ во Општина Аеродром повтори дека се единствена Влада, која кога ќе забележи девијантно однесување веднаш реагираат.
- И тоа е вистинска борба против криминал и корупција и тие кои што се замешани, се наоѓаат таму каде што треба да се најдат, изјави Мицкоски.
Ја повика опозицијата, како што рече, да не се затскрива позади прашања, туку да излезе со тврдења.
- Тие држат прес-конференции со прашања. Ако се толку сигурни во тие тврдање, нека излезат и нека кажат. Замешан е Христијан Мицкоски, замешан е тој и тој. Затоа што вака е кукавички, не оставаат впечаток. И нека ни помогнат, јас јавно повикувам еве сите што имаат докази за злоупотреба, нека дојдат и нека ги достават тие докази за да можеме ние да делуваме. Така што апсолутно ги отфорлам тие шпекулации и нека остават да си ја работиме работата онака како што треба ама да не стигне и до некои нивни поранешни функционери и министри. И тогаш да ги видам, повторно да излезат на прес-конференција, посочи Мицкоски.
МИА
Ново на Сител
-

Макрон се закани со нови царини доколку Кина не ја промени трговската политика
-

Пронајден починат маж пред Поликлиника Ченто
-

Уште една измама со лажна сообраќајка, 82-годишна скопјанка измамена за 170.000 денари
-

Келог: Мировниот договор за Украина е навистина блиску
-

Две жени и рекле дека и е фрлена магија, за да ја тргнат барале пари и накит, измамена жена од кочанско
-

Милошоски: Нема да се градат бегалски кампови во Македонија
-

Се враќа оригиналниот изглед на Железничката станица, отстранет првиот билборд
-

Стабилно и релативно топло време во текот на следната седмица
