Мицкоски го честита Божиќ: Нека ни е вековит и честит овој голем христијански празник Рожденство Христово
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски упати честитка по повод еден од најголемите христијански празници, Божиќ.
Дозволете ми од мое и од име на ВМРО-ДПМНЕ, да Ви го честитам еден од најсветлите христијански празници, раѓањето Христово, Божик. На овој голем ден, би сакал да ви посакам мир и благосостојба во вашите семејства кои ќе ве пратат во текот на целата година, Ви посакувам многу среќа, здравје, спокој и љубов за вас и вашите ближни.
Македонија со отворени раце го прифати христијанството кое е камен темелник на западната цивилизација. Учењето Христово нека е ѕвезда водилка за секој еден од нас, неговите дела, пожртвуваноста, мудроста, љубовта нека служат за пример. Традиционалните вредности се оние кои не обединуваат како народ, како општество и се вредностите кои ни го поплочуваат патот за просперитетна и успешна Република Македонија.
Христијанството не учи на надеж, надеж за подобро утре кое со посветеност и работа можеме заеднички да го изградиме за нас и иднините поколенија. Македонија е пред големи предизвици, но верувам во мојот народ дека ќе донесе одлуки кои ќе значат сигурност, правда и обнова. Да ставиме крај на поразите, доаѓа времето на чесни и принципиелни луѓе кои ќе работат во интерес на народот. Ќе ставиме крај на тонењето и неправдите. Македонија има луѓе за нови победи и успеси, а нивната шанса доаѓа допрва. Нека ни е вековит и честит овој голем христијански празник Рожденство Христово, Божик. Христос се роди, Навистина се роди! – вели во честитката лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Ново на Сител
-
Пожар зафати куќа во неготинско Долни Дисан
-
Врховен задутре ќе одржи јавна седница по жалбата на таткото на Вања против мерката притвор
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари